Македонија четврта во светот по наплата на даноците

Bez autora
Nov 28 2011

Во неодамна објавениот посебен извештај на Светската банка за наплатата на даноците Македонија е рангирана на четвртото ниво во светот според општата даночна стапка и според степенот на наплата на даноците. Ефективната даночна стапка во Македонија од 9,7 проценти е четврта најниска во светот, а степенот на наплата на даноците е исто така меѓу најдобрите во светот. Ова вчера го кажа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на вчерашната промоција на Даночна академија на Управата за јавни приходи. Преку Даночната академија како едукативен центар ќе се обучуваат вработените во УЈП и во други државни институции, како и даночните обврзници. Академија од средината на 2013 г. треба да прерасне во место во кое ќе се едуцира даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа. Ставрески смета дека токму преку даночната академија ќе успееме да оствариме едукација на кадрите и понатаму да ги развиваме алатките и инструментите што ги има УЈП на располагање со цел да прерасне во вистински партнер на бизнис-заедницата, како и да има соодветен квалитет којшто ќе биде нужен за периодот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Македонија четврта во светот по наплата на даноцитеВо неодамна објавениот посебен извештај на Светската банка за наплатата на даноците Македонија е рангирана на четвртото ниво во светот според општата даночна стапка и според степенот на наплата на даноците.

Ефективната даночна стапка во Македонија од 9,7 проценти е четврта најниска во светот, а степенот на наплата на даноците е исто така меѓу најдобрите во светот. Ова вчера го кажа вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на вчерашната промоција на Даночна академија на Управата за јавни приходи.

Преку Даночната академија како едукативен центар ќе се обучуваат вработените во УЈП и во други државни институции, како и даночните обврзници. Академија од средината на 2013 г. треба да прерасне во место во кое ќе се едуцира даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа.

Ставрески смета дека токму преку даночната академија ќе успееме да оствариме едукација на кадрите и понатаму да ги развиваме алатките и инструментите што ги има УЈП на располагање со цел да прерасне во вистински партнер на бизнис-заедницата, како и да има соодветен квалитет којшто ќе биде нужен за периодот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ.

- Фактот што даночната академија ќе спроведува обуки и на соседните земји покажува дека угледот на УЈП во меѓународните институции и во јавноста е се поголем и оти кредибилитетот што беше изграден во изминатите години овозможува да прераснеме во институција која предничи со квалитетот во регионот, оцени вицепремиерот Ставрески и додаде дека УЈП е високо рангирана во светот по наплатата на даноците и квалитетот на услугите.

Според, Горан Трајковски, директор на УЈП наплатата на даноците, заклучно со вчера е 100,56 проценти од предвиденото со Буџетот. Во однос на минатата година во просек има пораст од 11 проценти во наплатата кај сите видови даноци.

Трајковски најави дека по денешната промотивна едукација на академијата задутре ќе почне обука за вработените во Царинската управа. Во иднина ќе се потрудиме да донесеме што поквалитетни предавачи за даночните службеници и за делот од бизнис-заедницата да го донесеме најдоброто од Европа и светот.

- Ќе понудиме најквалитетна и бесплатна обука за сите заинтерсирани. Функцонирањето на академијата го финансира комплетно УЈП, кажа Трајковски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik